Oд утре пријавување за „Прв до врв 2016“
Пријавувањето за овогодинешниот настан „Прв до врв“ почнува утре. Масовното искачување до врвот на Водно со планинарење и возење велосипеди ќе се одржи на 22 мај.
На популарната трка на Водно, која ќе се одржи по четврти пат, учествуваат неколку илјади спортисти и рекреативци во категориите планинско трчање, планински велосипедизам и друмски велосипедизам.
Пријавувањето почнува со промотивен викенд и симболична цена од 120 денари за најбрзите 100 пријавени учесници, по што цената за пријавување ќе биде 180 денари и ќе важи до 29 февруари, па 240 денари од 1 март до 30 април и 300 денари од први до 21 мај. Секој учесник добива стартен број, официјална маичка за 2016 година, освежување за време на трката, а победниците ќе бидат наградени.
По трките традиционално ќе се организира олимписки пикник на целта кај врвот, кога ќе бидат прогласени победниците во машка и женска конкуренција, како и најбрзите семејства, тимови, деца до 14 години и возрасни учесници над 40 години.
Натпреварувачите можат да се пријават на веб страницата www.prvdovrv.mk.
Ново на Сител
-
Таткото на Вања повторно бара слобода од Врховниот суд
-
Тошковски: Мирен изборен ден
-
Преглед на вести од светот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето