Македонија
23. јуни 2022 - 16:33

Од утре нема одење во шуми - и Водно се затвара за рекреативци

Од утре нема одење во шума. Високите температури и опасноста од пожари го вклучија алармот во Национални шуми, па воведуваат забрана за движење. Таа ќе трае од од шест наутро до осум навечер. Оние кои нема да ја почитуваат и ќе бидат затекнати во шума, ќе бидат казнети. Глобата се движи од 1.500 до 2 илјади евра.

Поради забраната, ќе прекине да работи и жицарницата, а вратите ќе ги затворат и трговците на Водно. Луѓето кои денеска беа овде, негодуваат што ќе нема каде да побегнат во топлите денови.

Од Национални шуми велат, забраната ќе важи се до проценката дека е намален ризокот од појава на пожари. Лани, ваква забрана беше донесена во август, откако избија повеќе пожари ширум држава.