Македонија
6. February 2024 - 20:03

Од утре нема да може фотографирање за лични документи без закажан термин

Без закажување термин повеќе нема да може да се вадат нови лични документи. Од утре во полициската станица Пролет ќе може да одат и да се фотографираат само граѓаните кои имаат закажано. Треба да чекаат на телефон да им се јават операторите, кога да одат. Техничкиот министер за внатрешни работи, вели сите што имаат закажано ќе може да се фотографираат најдоцна до 3 месеци од сега.

Целта на новата одлука на МВР е да се избегнат гужвите пред пунктовите. За дел од граѓаните оваа опција е прифатлива доколку има услови да се изведе, за други пак поисплатливо им е да чекаат цел ден да се фотографираат отколку да чекаат три месеци да ги повикаат за нови документи.

Оние кои немаат закжано за нови пасоши и лични карти, ќе може да закажат само на телефонските броеви, бидејќи онлајн закажувањето не функционира. Министерот Тошковски, апелиа граѓаните да закажуваат само за патни исправи за да не се преоптовари системот, бидејќи личните карти ќе важат и по 12 февруари.

За пасошите по брза постапка да може да бидат изготвени за два дена, министерот ветува дека ќе биде возможно за еден месец од сега.