Од ураганот Метју досега загинаа 102 лица
Во налетот на ураганот Метју загинаа најмалку 104 лица, од кои дури 98 на Хаити, соопштија локални претставници, додавајќи дека ураганот од Бахами се движи кон Флорида.
Поголемиот број загинати на Хаити настрадале при пад на дрвја, парчиња од фасади и покриви, како и во надојдените реки.
Ураганот Метју во Домининиканска Република усмрти четири лица и оштети 200 куќи, а властите евакуира 800 лица.
Најжестоката карипска бура во последните речиси 10 години рано утрово ги зафати Бахамите, а додека се чека да стигне до американскиот брег во четири американски држави во тек е масовна евакуација.
Патиштата во Флорида, Џорџија и Северна и Јужна Каролина од синоќа се блокирани со колони автомобили, бидејќи милиони луѓе го послушаа предупредувањето за евакуација кон внатрешноста бидејќи се приближувал ураганот „Метју“, со ветрови со јачина од околу 185 километри на час, силни бури и поројни дождови.
Вечерва во овие држави се очекуваат врнежи, информира Американскиот национален центар за урагани.
- Сите во нашата држава сега мораат да се подготват за директниот налет на ураганот, изјави вчера гувернерот на Флорида на прес-конференција, предупредувајќи на катастрофални последици.
Сите четири држави на патеката на ураганот прогласија вонредна состојба, и отворија засолништа откако нивните гувернери, заедно со претседателот Барак Обама, ги повикаа жителите на евакуација.
Вкупно над 12 милиони американски граѓани се предупредени на ураганот.
Бензинските станици ширум Флорида останаа без гориво, а празните полици во продавниците и долгите редови на бензинските пумпи станаа честа глетка додека граѓаните создаваат залихи.
Оние кои имаат намера ураганот да го сочекаат во своите домови се снабдиле со големи количества вода, млеко и конзервирана храна, празнејќи ги самопослугите, покажуваат снимките на локалните медиуми.
Ново на Сител
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети