Од судбината не се бега: Војник загина на местото каде беше ранет пред 17 години
Милан Дамјановиќ (48) заставник во Војската на Србија, загина пред два дена во сообраќајна несреќа на Ковински мост, кој го чувал за време на НАТО бомбардирањето и во чија близина тогаш е ранет.
Дамјановиќ во средата вечер настрада кога неговиот „опел“ налета на комбе кое доаѓало од спротивен правец. Дамјановиќ и неговиот колега Слободан Периќ, се враќале од работа од касарната во Панчево, токму како што правеле секој ден.
Се уште не е утврдено зошто комбето со кое управувал Маринко К. од Ковин преминало на спротивната лента и директно удрило во автомобилот кој одел од Панчево. Од здобиените повреди Дамјановиќ веднаш починал, додека неговиот тешко повреден колега од смачканото возило го извлекол полицаецот Драгослав Л. (30) кој во моментот не бил на должност.
-Судбината изгледа, на наша голема жал, така сакаше, да загине на мостот кој 1999 година го бранеше. Тогаш, тој 15. април ноќта Милан и јас бевме ранети, а двајца наши другари од единицата загинаа, вели Слободан Николиќ, кој со Дамјановиќ бил во 6. ракетна дивизија на 250. ракетна бригада.
Во тој напад на НАТО, близу Ковинскиот мост, Дамјановиќ се здобил со повреда на окото.
Дамјановиќ зад себе ја остави сопруга Љиљана и двајца синови.
Периќ се опоравува
Колегата на Дамјановиќ, Слободан Периќ кој во сообраќајната несреќа е повреден, опериран е на ВМА.
-Добро ја поднесе операцијата, но и натаму е во тешка состојба. Во сообраќајната несреќа се здоби со повреди на главата и градниот кош, велат од Военомедицинската Академија.
Ново на Сител
-
Поразителни резултати со говорот на децата во прилепските градинки
-
Три недели по инцидентот со птичјиот грип, отворени вратите на зоолошката во Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
Како да ги искористите ваучерите за инвертер клими?
-
Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-
Прв пат во Македонија дијагностицирана ретка генетска болест „Фабри“ - Двајца пациенти се на терапија
-
Преглед на вестите од светот
-
Реформската агенда за ЕУ пред пратениците