Живот
27. January 2016 - 17:02

Од стариот подрум направиле топло семејно катче: Трансформација ќе ве воодушеви!

Десет години откако се преселиле, сопствениците на куќата ја искористиле старата просторија за да направат за себе, за своите деца и за кучето топло и луксузно место за опуштање, дружење и гледање телевизија.
 
Сопствениците на стогодишната куќа во оваа снимка сакале да го преуредат подрумот кој им служел за сушење алишта, а исто така чувале машина за перење и други поголеми апарати.
Еден дел го користеле и како „шупа“, полна со стари работи.
 
Сепак, се одлучиле овој простор да го преуредат и од него направиле фантастична семејна дневна соба. 
Останало простор и за домашните апарати, но сега тие се вешто маскирани зад вратите.
 
Шарените перници на гарнитурата претставуваат дополнителен шмек, како и уникатната дрвена лизгачка врата во комбинација со стакло од просторијата во која се наоѓа комплетно модерниот тоалет.
И ако непланирано дојдат гости кои сакаат да преспијат во оваа куќа, не е проблем, бидејќи во плакарите има „скриен“ кревет.
Погледнете ја оваа фантастична трансформација на подрум, можеби и вас ќе ве инспирира нешто да промените во својот дом.