Од среда најавен штрајк на судската администрација
Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација денеска најавија дека ќе го актуелизираат штрајкот кој ќе се одржи од среда до петок.
Во среда и четврток штрајкот ќе се одржува во работно време, а во периодот од 10 до 11 часот судските службеници своето незадоволство ќе го искажат пред судовите. Во петок ќе биде организиран протест кој ќе започне во 12 часот пред Собранието на Република Македонија, Министерството за правда и Министерството за информатичко општество и администрација, а ќе заврши пред Владата.
- Штрајкот ќе се одржува внатре во судовите, во холот или во некоја заедничка просторија во судовите. Согласно законите, ќе се обезбедуваат минимум непречено извршување на функциите на судот и на институциите, односно оние постапки што се со времена мерка, притвор, постапки со странски елемент, обезбедување докази и тестамент ќе се одржуваат, шалтер салите ќе работат за прием на нови тужби и поднесоци, а сите останати функции ќе бидат ставени во мирување, истакна на прес-конференција Трпе Дејановски, секретар на УПОЗ и претседател на Штрајкувачкот одбор.
Синдикатот на УПОЗ и Здружението на судска администрација бараат измени на Законот за судска служба и зголемување на платите на судските службеници.
На 3 декември беше организиран предупредувачки штрајк по што почнаа преговорите меѓу синдикатот и Министерството за правда.
Ново на Сител
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места
-
Леонардо Дикаприо жали за улогата што му ја препуштил на Марк Волберг во 90-тите
-
Македонец и двајца Срби мачени, убиени и спакувани во црни кеси во Боливија
-
69 лица повредени по жестоките судири на демонстрантите во Србија
-
Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија
-
Трамп ќе му понуди на Путин ретки минерали во замена за мир
-
Без струја дел од Карпош и Кисела Вода