Од срцев удар починал младиот Македонец во Софија
26 годишниот македонски државјанин од Виница, Стојан Спасов чие безживотно тело пред неколку дена беше пронајдено пред трговскиот центар „Парадајз“ во Бугарија починал како последица од срцев удар, информираа од неговото семејство за ММС.
- Не сакаме никој да ја почуствува болката што ја чувствуваме ние, но сепак сметаме дека секој треба да има барем малку човечност и доблест во себе. Нечесно е на нечија туѓа несреќа да се добива внимание и медиумска популарност. Според документот што го добивме од Судска медицина, по направената аутопсија, утвредно е дека причината за смрт е срцев удар. Затоа се надеваме дека Ббог ќе им даде ум на сите луѓе што не се свесни што пишуваат. Не осудуваме никого и не бараме ничија помош, нашите блиски се со нас. Единствен начин да се помогне е да се каже вистината, а вистината е таа што ја кажавме. А тоа што го кажавме, ни го потврдија и од нашата амбасада. Нам ни останува сами да тагуваме до крајот на нашите животи. Сите што лично го познаваа, знаеја каков човек и спортист беше. А тие што не го познаваат можат да мислат и да зборуваат што сакаат, информираат од семејството.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред