-->
-->
Од руски воздушни удари во Сирија, во период од една година се убиени 9.300 лица
-->
Над 9.300 лица, меѓу кои 3.800 цивили, се убиени во времетрање од една година при руски воздушни удари во Сирија, објави денеска сирискиот Центар за набљудување на човековите права.
На овој ден, минатата година, руската војска почна да интервенира во конфликтот во Сирија како поддршка на режимот на претседателот Башар Ал Асад, пренесува БТА.
Од 30 септември 2015 година од руски воздушни удари во Сирија имаат загинато 9.364 лица, посочи во коминике Центарот.
Меѓу жртвите има 3.804 цивили, а убиени се и 2.746 џихадисти од ИД и 2.814 борци на различни бунтовнички и исламистички групи.
Претходно, директорт на Центарот, Рами Абдел Рахман, изјави дека за една година руската воена авијација усмртила околу 10.000 луѓе во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Директорката Иљази им забрани на вработените да даваат изјави за медиумите
-
Безживотно тело на маж извлечено од водите на Вардар во центарот на Скопје
-
Земјоделци од селата Иловица и Штука го блокираа патот заради ниските откупни цени на младиот компир
-
Намален бројот на превезени патници во патниот сообраќај во првиот квартал
-
Денеска и утре нестабилно со пороен дожд
-
Почина 32-годишник, излетал од патот со автомобил
-
Општина Карпош демантира дека издала одобрение за забавниот парк кај „Борис Трајковски“
-
ССМ: Синдикална минимална кошница за мај 60.090 денари