Од Рака заминаа исламистите и 3.000 цивили
Од Рака, некогашното упориште на екстремистичката група Исламска држава во Сирија, си заминаа 275 екстремисти и над 3.000 цивили, како што предвидува договорор за повлекување што го постигнаа со алијансата Сириски демократски сили (СДФ).
Портпаролот на СДФ и коалициските сили што ги предоводи САД, Талал Селол, изјави дека речиси на сите цивили им е обезбедено безбедно заминување од Рака.
- Повеќе од 3.000 цивили заминаа синоќа во рамките на договорот и се упатија кон места кои се под контрола на СДФ, наведе Селол, нагласувајќи дека Рака сега „е во целост прочистена од цивилите“, со искучок на семејствата на екстремистите од ИД, кои се се уште во градот.
Претходно беше соопштено дека и сириските и странските броци на ИД ќе бидат протерани од Рака.
Претставникот на Цивилниот совет на Рака, наведе дека е постигнат договор со што на борците од ИД им се овозможува да го напуштат градот, откако СДФ со поддршка на САД го презема од нив.
Ново на Сител
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ