Од попладневната сообраќајка кај Битола, нема хоспитализирани лица
Неколку лица се повредени од вкупно 20-те патници од трите возила што учествуваа во сообраќајната незгода која попладнево се случи во атарот на битолското село Кравари.
Од СВР-Битола за МИА потврдија дека сообраќајката се случила на „Краварски пат“ во 14:40 часот, во непосредна близина на тамошната бензиска пумпа.
Во сообраќајката учествувале комбе, патничко возило и товарно возило.
По сообраќајката лекарска помош во Битолската клиничка болница помош побарале 20 лица. Кај 14 лица се констатирани лесни, а кај шест потешки повреди. Бидејќи кај нити едно лице не се констатирани тешки телесни повреди, ниту едно лице не е хоспитализирано, односно не се задржани лица на болничко лекување.
– Причините за сообраќајката ги утврдуваат полициски службеници, известија од СВР-Битола.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите на светот
-
Пченицата ќе се откупува по 12 денари, највисока откупна цена досега, рече Трипуновски
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Тошковски и Дачиќ потпишаа договори за „One Stop“ систем на Табановце-Прешево
-
Љутков даде отчет за сработеното во изминатата година
-
Рекордни 20 милијарди денари вложени во инфраструктура и локален развој
-
Мицкоски најавува данок за лица кои не се брак, вели вклучен е демографскиот аларм
-
Брзи гранични контроли на Табановце