Македонија
18. July 2024 - 13:35

Од понеделник во Скопје прскање против комарци од земја

Терестичната дезинсекција (од земја) против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје ќе се реализира од 22 јули до 25 јули 2024 година, во период од 22:00 до 3:00 часот наредниот ден.

Град Скопје ги информира граѓаните дека доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, таа ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истите термини.