Од полноќ укината вонредната состојба во Казахстан
– Вонредната состојба во Казахстан, што беше воведена за време на немирите од почетокот на месецот, заврши ноќеска на полноќ по локално време (20 часот по средноевропско време).
Казахстанските власти соопштија дека во сите региони е повторно воспоставен редот и мирот, но дека антитерористичките операции продолжуваат во неколку области, пренесе Тасс.
Немирите почнаа на 5 јануари, по што претседателот Касим Јомарт Токаев прогласи вонредна состојба во целата земја до 19 јануари на полноќ и полициски час што во истиот период ќе трае од 23 до 7 часот.
По стабилизирањето на ситуацијата, властите од 12 јанаури почнаа постепено да ја укинаат вонредната состојба во одредени области од земјата.
Црвениот аларм се уште е на сила во најголемиот град Алмати, каде што продолжуваат антитерористичките операции.
Протестите почнаа на 2 јануари во мал град во западен Казахстан поради наглото зголемување на цените на горивото, но брзо се проширија низ целата земја и прераснаа во демонстрации против авторитарната влада, проследени со немири во кои загинаа повеќе од 220 лица.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор