Од полноќ дизелот поевтинува за еден денар, бензините поскапуваат
Од ноќеска на полноќ цената на дизелот ќе се намали за еден денар, а бензините за еден денар ќе поскапат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Според РКЕ, се намалуваат и цените на екстра лесното масло за домаќинство, за 1,50 денари, како и на мазутот, за 0,321 денар.
Бензинот ЕУРОСУПЕР БС ќе чини 95 83,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 98 85,50 денари, дизелот ќе се продава по 77,50 денари, екстра лесното за 76,50, а мазутот по 41,667 денари за килограм.
Со Одлуката н РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,31 отсто во однос на одлуката од 6.3.2023 година.
Како што информира РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,684 отсто, кај дизелот намалување за 2,149, кај екстра лесното масло намалувањето е за 3,079 и кај мазутот има намалување за 0,996 проценти.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ