Од почетокот на годината низ Бугарија минале 2.300 деца бегалци без придружба
Од почеткот на годината низ теритоијата на Бугарија минале над 2.300 деца бегалци, кои биле без придружба на возрасно лице, соопшти денеска бугарскиот омбудсман Маја Манолова.
Како што јави БТА, таа потенцира дека во моментов во прифатните центри во Бугарија се наоѓаат околу 150 деца бегалци без придружба.
Според Манолова, последниве неколку месеци во бугарските прифатни центри биле регистирани околу 500 деца бегалци без придружба, но до почетокот на август најголемиот број од нив гио напуштиле овие објекти и никој не знае каде тие се наоѓаат во моментов.
Манолова потенцира дека овие деца по приведувањето по правило се префрлаат во центрите се останатите бегалци, што е во спротивност со законот, бидејќи за нив треба да бидат обезбедени места со посебни ускови за сместување на малолетници.
- Но, тоа не е случај во пракса. Во повеќето слуачи (овие деца) се сместуваат во одделни простории, но подоцна тие се мешаат со останатите бегалци, вели Манолева.
Таа додаде дека во разговорите со овие деца дознала оти тие очекуваат по нив да дојдат криумчари со луѓе, кои потоа би ги пренеле во некоја од земјите од западна Европа.
Ново на Сител
-
ЕК размислува за целосна конфискација на замрзнатите руски средства, Белгија изразува резерви
-
11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
-
Бајден: Ја напуштив функцијата, но не и битката
-
Пет впечатливи моменти од церемонијата на инаугурацијата на Трамп
-
Криптовалутата на Трамп достигна пазарна вредност од 10 милијарди долари
-
Томовски: Потребно е да се набави нов државен авион, па и половен
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам