Бизнис
1. October 2019 - 18:52

Од планираните 110 милиони денари во буџетот на општина Делчево, досега реализирани 59 милиони

Извршувањето на буџетот на општина Делчево за вториот квартал од 2019 година изнесува 49,27 проценти. Од вкупно планираните приходи од 279 милиони денари за вториот квартал, реализирани се 137 милиони денари.

Според Анка Христова од Секторот за финансии во Општината, од планираните 110 милиони денари во основниот буџет, досега се реализирани 59 милиони денари или 54 отсто.