Македонија
1. April 2016 - 16:20

Од опозициските албански партии сметаат дека станува збор за трик на ДУИ, СДСМ се збунети

Павле Трајанов смета дека излегувањето на ДУИ од Владата е во насока на формирање нова широка владина коалиција. Пратеникот на ДС очекува ваков расплет на политичката ситуација, оценувајќи дека тоа е најдоброто решение за сосотојбата, која според него е исклучително тешка.
 
Опозициската СДСМ пак нема прецизен коментар за одлуката на Партијата на Ахмети, очекува новно појасно образложение.
 
За разлика од СДСМ, опозициските апбански пратеници од ДПА и Унитети, сметаат дека станува збор за политичка игра на власта.
 
Пратениците на владеачкото мнозинство не го коемнтирата потегот на ДУИ.