-->
-->
Од недела почнува летно сметање на времето
-->
Со поместување на стрелките на часовникот за еден час нанапред во недела во 2 часот наутро почнува летното сметање на времето.
Во недела часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, односно времето во два часот ќе се смета како три часот.
Преминувањето од зимско на летно сметање на времето и обратно прв пат е забележано во 1916 година во државите на северот на Европа и сега се практикува во 70 земји.
Во западна Европа поместувањето на стрелките на часовникот е воведено на почетокот на 70-тите години на минатиот век со образложение дека се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда на електрична енергија, се зголемува продуктивноста на работната сила, се подобрува прилагодувањето на луѓето и работниот ден станува поефикасен.
Во поранешна СФРЈугославија, а со тоа и во Македонија, летното сметање на времето прв пат е воведено на 27 март 1983 година.
Летното сметање на времето ќе заврши во последната недела во октомври во три часот наутро кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел