Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
УХМР информира дека утре ќе се задржи сончево и топло време, но задутре, недела, под влијание на влажна и постудена воздушна маса од север, ќе настапи позначителна промена. Ќе има повремени врнежи од дожд со локална појава на грмежи и силен ветер.
Во понеделник ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали, за 8 до 10 степени. Потоа, во следните два дена, времето ќе биде сончево со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.
Во Скопје утре ќе се задржи сончево и топло време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд, локално со појава на ретки грмежи и силен ветер. Во понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со сончеви периоди и со засилен северен ветер.
Ново на Сител
-
30 дена кризна состојба во Македонија
-
Трет ден пожари во Скопско
-
Тема на денот со Владимир Симоновски
-
Симовски е разочаран од Уставен, пописот бил според препораки на „Евростат“
-
Претседателката ќе го чека новиот закон за да предложи нов член на Судскиот совет
-
Трет ден пожари во скопско
-
Пожар во парк-шума Гази Баба
-
Пожарот кај село Николиќ се уште активен, тешко пристапниот терен ја отежнува интервенцијата