Од недела Даниел Кајмакоски во Твоето лице звучи познато
Официјално продукцијата Емоушн ги објави имињата на учесниците во третата сезона од регионалното музичко забавно шоу Твоето лице звучи познато, кое почнува на Сител во недела 6 март од 21 часот
Првиот победник на регионалниот Икс Фактор Даниел Кајмакоски е учесникот од Македонија, а покрај него ќе се натпреваруваат и Дара Бубамара, Халид Муслимовиќ, Ана Михајловски, водителката толку на првата сезона на Икс Фактор.
Популарните пејачки Славица Чуктераш, Ивана Петерс од Негатив и Катарина Остојиќ Каја.
Поранешниот учесник на регионалното реално шоу Survivor и познат пејач Никола Роквиќ, познатиот актер од Курсаџии, Богољуб Митиќ-Ѓоша и комичарот Ненад Даниловиќ попознат како Неша Бриџис.
Во жирито оваа година ќе бидат популарниот пејач Владо Георгиев, познатиот водител Иван Ивановиќ и првата победничка на ова шоу пејачката Ана Кокиќ.
Сите ветуваат одлична забава, а продукцијата гарантира дека оваа сезона ќе биде запамтена како најспектакуларна.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата
-
Граѓанските иницијативи кај Сиљановска за изборен закон
-
Прв круг локални избори на 19 октомври