Од музеј украдена златна копија на модулот, со кој астронаутот Нил Армстронг слета на Месечината
Ретка златна копија на модулот, со кој во 1969 година американскиот астронаут Нил Армстронг слета на Месечината, е украдена од „Нил Армстронг Музејот на воздухопловство и космонаутика“ во неговиот роден град Вапакинета, Охајо, соопшти полицијата.
Станува збор за копија од масивно злато со големина од речиси 13 сантиметри. Експонатот е особен важен поради фактот што во светот постојат само три такви копии. Тие се изработени од француската фирма за накит „Картие“, за секој од тројцата астронаути кои учествуваа во месечевата мисија - Армстронг, Едвин „Баз“ Олдрин и Мајкл Колинс. Им биле подарени во Париз, малку по нивното враќање од историската мисија, забележува ТАСС.
Армстронг, кој почина во 2012 година на 82 години, е првиот човек стапнал на Месечината.
Од полицијата велат дека вредноста на експонатот не може да се измери. Градската полициска служба работи на истрагата во соработка со ФБИ и Канцеларијата за криминални истраги на Охајо.
Ново на Сител
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
СПМ: Вториот круг претседателски избори ќе базира на резултатите од првиот