ОН од Мјанмар бара извештај за силувања и убиства
Комисијата на Обединетите нации за правата на жените побара од Мјанмар во рок од шест месеци да поднесе извештај за силувањата и сексуалната злоупотреба на жени и девојки Рохинџи извршени од мјанмарските безбедносни сили во северниот дел на државата Ракајн и да преземе мерки за казнување на сторителите.
Комисија на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жените, исто така од мјанмарската влада бара да се соопштат деталите за жените и девојките убиени во конфликтот откако започна воената конфронтација од крајот на август.
Ова е четврто барање за „посебен извештај" кој се бара од некоја земја од 1982 година.
-Ние од државата бараме посебен извештај кога ќе се случат тешки, големи и систематски повреди и кога овие прашања се релевантни за мандатот на Комисијата. Тој посебен извештај, исто така, е и знак на предупредување, изјави Нахла Хајдар, членка на таа комисија.
Според неа, целта на тој потег, е да им се помогне на властите на Мјанмар да „излезaт од тунелот на неодамнешниот конфликт, кој многу ја уназади државата Мјанмар, која беше на добар пат кон демократизација".
Експертите, исто така, побараа информации за „истрагите, апсењата, обвинетите, судските одлуки и пресудите изречени на сторителите, вклучувајќи ги и членовите на вооружените сили, кои се прогласени за виновни за ваквите дела".
Ново на Сител
-
Три вработени во ЈСП Скопје обвинети за проневера од 23 милиони денари
-
Уапсен Илир Мета, поранешен претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата
-
Министерот Трипуновски потпиша договор со Управата за хидрометеоролошки работи за користење на финансиска поддршка од 1.000.000 денари
-
Околу двесте лица вакцинирани од утрото во поликлиника „Бит Пазар“
-
Трамп за Волстрит Журнал: На Путин му реков дека ќе го гаѓам центарот на Москва доколку ја нападне Украина
-
Неизвесен за натпреварот со Порто - Борозан нападнат од кучиња скитници
-
Уапсени две лица барани од Интерпол-Австрија и Интерпол–Словачка
-
Намалување на цените на горивата