-->
-->
Од Ковид-19 почина медицинска сестра во битолската болница
-->
Медицинска сестра на 55-годишна возраст од хируршкото одделение на Битолската клиничка болница почина од компликации предизвикани од Ковид-19. Таа е прва жртва на вирусот меѓу здравствените работници од Битола.
„Пациентката била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба. Подолг период била на боледување и не се заразила на работното место“, велат од Министерството за здравство.
Во последното деноноќие на Инфективното одделениe во Битола починаа тројца пациенти на возраст од 55, 60 и 81 година, сите од Битола.
Бројката на хоспитализирани во регионалниот Ковид центар во Битола денес е 81 пациент. Од вчера болните се сместуваат и во вториот Ковид центар на одделот за Физикална терапија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК информира за штетите предизвикани од невремето кое го зафати попладнево Скопје – паднати дрвја, оштетени возила и кровови, откачени кабли од бандери
-
Владата одлучи - ќе се враќа оградата околу владината зграда
-
Владата именува нови директори на неколку државни институции
-
Оливер Миланов именуван за директор на Агенција за Храна и Ветеринарство
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“