Македонија
29. December 2020 - 10:18

Од Ковид-19 почина Лазе Најдовски за чие лекување се бараа донации

Почина Лазе Најдовски за чие лекување се бараа донации.

Пријателите на Лазе се простуваат од него на социјалните мрежи, изразувајќи сочувство до семејството. Неговата здравствена ситуација драстично се влоши како последица на Ковид-19, по што граѓаните активно се вклучија да му помогнат со цел лекувањето да продолжи во приватна болница. 

Клиничката болница „Аџибадем Систина“  се понуди да го преземе неговото лекување кога се ширеа апелите за помош.