Од корона кризата околу 15.000 лица во земјава останале без работа
Во земјава околу 15.000 работни места се изгубени за време на корона пандемијата, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на податоците од Агенцијата за вработување.
Бектеши не верува дека враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту досега, како што рече, имал прилика да види такви анализи.
-Секако дека имало многу наши сограѓани кои биле дел на сивата економија и во време кога се правеше регистрацијата во Агенцијата за вработување ја користеа можноста да се пријават и сега одат да добијат државна помош или гарантирана минимална помош и додатоци. Но, не сум видал такв анализи дека нашите сограѓни кои живеат надвор го зголемуваат бројот на невработени. Од пандемијата во Македонија моментно има невработени околу 15.000 граѓани, истакна министерот, одговорајќи на новинарски прашања по денешното потпишување Меморнадум за соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите