Од Источна Гута евакуирани речиси 80.000 лица
Од почетокот на хуманитарната операција во реонот на Источна Гута минатата недела, од оваа бунтовничка енклава во близина на сирискиот главен град Дамаск се евакуирани вкупно 79.702 лица, од кои најголем број деца, соопшти руското Министерство за одбрана.
Во соопштението се посочува дека само во текот на вчерашниот ден преку воспставените хуманитарни коридори, од овој реон биле евакуирани 6.046 цивили.
Во меѓу време, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права информира дека при вчера воздушен напад на сириските владини сили врз Источна Гута, загинале 17 цивили - 15 деца и две жени, а над 50 лица се повредени.
Според истиот извиор, нападот бил извршен врз училиште во местото Арбин, јужно од Дамаск, каде времено биле смесетни група бегалци.
Сириските владини сили на 18 февруари започнаа офанзива против бунтовничките сили во реонот на Источна Гута и дсоега прездоа конрола врз над 80 проценти од територијата на енклавате.
Во тој период во реонот загинаа над 1.400 лица, меѓу кои и 300 деца и 200 жени, Во исто време, при напади врз Дамаск од територијата на Источна Гута животите ги загубуја околу 50 цивили.
Ново на Сител
-
Пронајден и одземен хероин - Кривична и притвор за велешанец
-
Честитка од Социјалистичката партија на Македонија по повод Божиќ
-
Мицкоски за Груби: Сите бегалци од правдата, да дојдат и да се соочат со фактите
-
Гаши: Божиќ е можност да се нагласи важноста на вредностите кои не обединуваат како општество
-
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе употребам вето за да навредам некој јазик
-
Зеленски: Русија загуби 38.000 војници во Курската област
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
-
Мицкоски: Нека Божик ни даде нова сила да работиме заедно и да создаваме големи дела за доброто на сите граѓани