Од идната недела голем температурен шок
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност ќе биде времето во текот на утрешниот ден. Од УХМР информираат дека ќе дува слаб, вдолж Повардарието умерен северен ветер.
Температурите во текот на утрешниот ден ќе се движат од минимални 9 до максимални 36 степени, а УВ индексот ќе биде 8 .
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 15 до 34 степен.
Следува период ќе биде претежно стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои до средината на наредната недела на повеќе места ќе надминуваат 35, а во југоисточниот дел од земјата ќе достигнат и 39 степени.
В недела и понеделник во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи.
Од втората половина на наредната недела температурата ќе биде во опаѓање, а ќе има и нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна