Од фудбалот се збогува Бурак Јилмаз - вториот најдобар стрелец во историјата на Турција
Турскиот фудбалер Бурак Јилмаз објави вчера дека става крај на професионалната кариера која ја почна пред 21 година.
На репрезентативен план Јилмаз одигра 77 натпревари во дресот на Турција и постигна 31 голови со што е втор на вечната листа зад легендарниот Хакан Шукур (51 голови).
„Сакам да ѝ соопштам на целата земја дека ја завршувам кариерата. Среќен сум и горд на сè што постигнав во кариерата. Задоволен заминувам во пензија, а во план ми е да почнам тренерска кариера“, изјави Јилмаз на прес – конференција во Истанбул.
Јилмаз ја дочека фудбалската пензија како играч на холандски Фортуна Ситард, а во кариерата настапуваше и за најдобрите турски клубови – Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор, како и за француски Лил и кинески Пекинг Гуоан.
Ново на Сител
-
На Плетвар магла, на Ѓавато слаб снег
-
Унгарија спасуваше бод против Македонија
-
И покрај забраната, има огромен број знамиња со сонцето од Кутлеш на трибините во Вараждин
-
Македонија одлично го отвори Светското првенство во ракомет во Хрватска Вараждин
-
Додека се слави за примирјето помеѓу Израел и Хамас, Нетанјаху соопшти дека договорот не е постигнат | ВИДЕО
-
САД со нови санкции кон Русија
-
Гутереш: Човештвото го ослободи злото од Пандорината кутија
-
Хамас и Израел постигнаа договор за прекин на огнот