-->
-->
Од февруари олеснети рестрикциите за влез во Италија за патниците од ЕУ
-->
Италија ќе ги олесни ограничувањата воведени поради коронавирусот за сите посетители од земјите на Европската унија од 1 февруари, соопшти Министерството за здравство.
Министерот за здравство Роберто Сперанза потпиша наредба според која на патниците од земјите на ЕУ ќе им треба само т.н зелена пропусница. Зелената пропусница потврдува вакцинација против Ковид-19, прележана болест или негативен тест.
Според министерството, наредбата на Сперанца исто така ја обновува можноста за патување до голем број неевропски туристички дестинации, вклучително и шест други дестинации: Куба, Сингапур, Турција, Тајланд (ограничено на Пукет), Оман и Француска Полинезија.
Италија вчера пријави 167.206 инфекции со коронавирус и 426 смртни случаи. Еден ден претходно беа пријавени 186.740 инфекции, а 468 починаа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови