Од денеска во Србија достапна трета доза вакцина против Ковид-19
Третата доза вакцини против Ковид-19 од денеска ќе биде достапна во Србија.
Српската влада објави постапка за примање на третата доза, а граѓаните може да изберат која вакцина сакаат да ја примат.
„По 180 дена од примањето на втората доза, сите вакцинирани граѓани ќе можат да ја добијат третата (бустер) доза, и ќе бидат поканети преку СМС и е-пошта со линк што ќе ги одведе до порталот за е-управа, каде ќе добијат подетални информации “.
„Таму, ќе можат сами да видат дали припаѓаат на категориите на населението на кои им се препорачува да ја примат третата доза на вакцината“, се наведува во соопштението на Владата на Србија.
Се додава дека, без оглед дали припаѓаат на групите за кои се препорачува третата доза, секој може да добие дополнителна доза по желба, шест месеци од примена втора доза и по добивање на повик од е-Управа.
Според последните податоци, седум лица починале во Србија во последните 24 часа, а евидентирани се 1.288 нови случаи на инфекција. Од почетокот на епидемијата, официјално се потврдени 733.332 случаи на коронавирус, а 7.174 луѓе починале, според податоците од страницата covid19.rs.
Во моментов има 868 луѓе во болниците и 26 пациенти со Ковид-19 на респиратор.
Лекарите наведуваат дека Србија влегла во нов бран на епидемијата и дека болниците се полнат, и предлагаат заострување на веќе постоечките мерки.
Ново на Сител
-
Реал Мадрид е највредниот фудбалски клуб во светот
-
Вардар прв финалист во ракометниот Куп на Македонија
-
Неизвесен победникот на претседателските избори во Полска
-
Нормализиран сообраќајот на делницата Демир Капија – Смоквица
-
33-годишна жена загина, а шест лица се повредени во сообраќајка на автопатот Тетово-Гостивар
-
Во Појасот Газа за еден ден загинаа најмалку 60 луѓе, а 284 се повредени
-
Коњановски ја посети локацијата каде падна кран на градежен објект во Битола
-
ОЈО поведе постапка против скопјанец за семејно насилство кон партнерката и нејзината мајка