-->
-->
Од денеска во продажба картите за мечот Шкендија – Млада Болеслав
-->
Единствениот преостанат македонски претставник во фудбалска Европа, екипата на Шкендија од денеска ќе ги пушти во продажба картите за мечот против Млада Болеслав.
Во четврток на арената „Филип Втори“, во рамките на третото квалификациско коло од Лигата на Европа, Шкендија ќе го пречека чешкиот тим Млада Болеслав во првиот меѓусебен дуел.
Од клубот информира дека денеска ќе бидат пуштени во продажба влезниците за овој натпревар, со цена од 200 денари, а ќе се продаваат како и досега „онлајн“ преку продажната мрежа на „МК Тикетс“, но и во фаншопот на Шкендија во Тетово, Тобако Вона Пет во Гостивар, во Југотон, Рамстор и во Сити Мол во Скопје. На денот на одигрување на натпреварот, ќе се продаваат и на билетарницата на арената „Филип Втори“ во Скопје.
Мечот меѓу Шкендија и Млада Болеслав е закажан за в четврток (28 јули), со почеток во 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор