Свет
12. August 2020 - 10:57

Од денеска во Брисел задолжително носење заштитна маска за лице

Носењето заштитна маска за лиде од денеска е задолжително во Брисел, пренесуваат белгиските медиуми, кои посочуваат дека мерката е донесена поради зголемениот број на заразени со коронавирус.

Во текот на минатата недела во белгиската престолнина во просек дневно беа регистрирани по 50 новозаразени на 100.000 жители, што ја принуди градската власт да наложи носење маска на сите јавни места во градот, што значи и во паркови и улици.

Мерката не се однесува на деца до 12 години, како и за луѓе со посебни потреби.