Од денеска поевтин роаминг во регионот
Цените на роамингот во Западен Балкан ќе бидат намалени од девет на 35 проценти од денеска, во согласност со втората фаза од спроведувањето на регионалниот договор за роаминг.Цените ќе останат исти само во Црна Гора и во Босна и Херцеговина.
Имплементацијата на Договорот за намалување на роамингот во регионот, потпишан во април, започна на 1 јули 2019 година и дека од 1 јануари 2020 година ќе започне имплементацијата на втората фаза, која предвидува нови пониски трошоци.
Врз основа на регионалниот договор, од 1 јули 2019 година до 30 јуни 2021 година, се предвидува постепено намалување на цените на роамингот во неколку фази.
Од 1 јануари 2020 година, начинот на пресметување на надоместоците за роаминг се менува така што сите корисници ќе плаќаат за роаминг по принцип што подразбира збир на домашната цена (тековно платена во домашен сообраќај) и такси за роаминг.
Од 1 јули следната година, се планира дополнително да се намалат цените за роаминг за дојдовните повици и преносот на податоци за сите корисници. Од 1 јули 2021 година се планира целосно да се укинат такси за роаминг во регионот на Западен Балкан, односно за корисниците да плаќаат за услуги за роаминг под истите услови што важат за домашниот сообраќај.Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април годинава од претставниците на шест држави од Западен Балкан (Србија, Црна Гора, БиХ, Македонија, Албанија и Косово) на Вториот дигитален самит во Белград.
Ново на Сител
-
Минчев: Наследството од народното востание потсетник да ја поддржуваме слободата, правдата и еднаквоста
-
Средба Зеленски - папа Франциск
-
Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки
-
Путин: Неопходен е нов светски поредок
-
Најмалку четворица загинати при руски напад врз регионот Одеса
-
Приведен албански државјанин за незаконит риболов
-
Тројца дилери приведени во Скопје
-
Димитриевски: Сите граѓани да имаат еднакви права при вработување, суштински да се заложиме за квалитет