Македонија
25. March 2020 - 20:15

Од денеска платформа за помош на учениците и наставниците

На Едуино платформата од денеска е достапна т.н  Е- училиница , која ќе им помогне во процесот на едукација на  наставниците и учениците. Видео лекции од прво до деветто одделение по различни предмети. Но на овој сајт за сега се прикачени по неколку лекции, а платформата е отворена за дополнување. За  тоа како можат наставниците да снимат видео со лекции има насоки по што истите  одобруваат од бирото за развој на образованието.

Средното училиште „Васил Антевски Дрен“ од Скопје , преку апликација на гоогле создале свој модел и веќе работат по истиот. Директорот вели дека изненадувачки, но овој модел дава веќе резултати и учениците покажале дисциплина.

 Смета дека и за оценувањето може да се изнајде модел кој секако ќе биде согласно вонредните услови.

Слободанка Прелоговска која е наставник по англиски јазик во основно училиште „Гоце Делчев“ од Скопје вели дека наставниците во најголем број  ја користат алатката создадена од колешката по информатика. Учениците покажале интерес и желба за учење па затоа и нивниот модел дава резултати.

Деновиве до сите училишта и образовни институции е испратен допис од МОН,  наставниците со менаџментот да изнајдат начин  како да го продолжат процесот. Така ќе биде и понатаму со тоа што бирото за развбој на образованието подготвува упатство за начинот на кој настаниците ќе ги оценуваат учениците согласно ваквиот тип на настава .