Од денеска нова директна авиолинија помеѓу Скопје и Киев
На Скопскиот аеродром од денеска ќе биде воспоставена нова авиолинија на релација Скопје – Киев.
На настанот по повод одбележано новаата директна линија помеѓу Скопје и Киев ќе се обратат Метин Батак, генерален директор на ТАВ Македонија, Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Наталиjа Задорожњук, Амбасадорка на Украина во земјава.
Новите летови, што се воспоствуваат првпат меѓу Украина и Македонија, ќе ги реализира авиокомпанијата WINDROSE. Летовите 7W791 / 792 ќе се извршуваат секој четврток и недела.
-Првпат во историјата на односите меѓу Украина и пријателска Република Македонија од 6 декември 2020 година се воведуваат летови на релација Кијив-Скопје-Кијив!, соопшти Амбасадата на Украина во Скопје.
Летовите од аеродромот Бориспиљ ќе се извршуваат со авиони Embraer-145 и ATR72-600. Покрај тоа, истакнуваат од Амбасадата, WINDROSE нуди удобен транзит од регионите на Украина: Харков, Днипро, Одеса и Лавов.
-Постоење на директните летови ќе придонесе за интензивирање на билатералната соработка – зајакнување на бизнис врските, развој на туризмот во двете земји, подобро запознавање на граѓаните на Македонија со Украина и на Украинците со Република Македонија. На овој значаен настан беше посветена средбата на амбасадорката на Украина, стои во соопштението, објавено на Фејсбук страницата на Амбасадата на Украина.
На веб-страницата на WINDROSE веќе може да се купат картите и за Киев и за Скопје.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Бугарија врши жестоки притисоци во пресрет на гласањето на извештајот
-
Филипче тврди дека власта има драматичен пад на рејтингот, Мицкоски ја обивнува опозицијата за предавство
-
ВМРО-ДМНЕ и ЗНАМ со заеднички кандидати за градоначалници
-
„Македонско село“ ги отвори портите за посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Позитивни податоци за земјоделството
-
Комплексот Македонско село повторно ги отвори вратите
-
Ребалансот на буџетот на Владина седница