Македонија
25. December 2017 - 8:50

Од четврток нов пресврт на времето - еве што следува оваа недела

Во Македонија денеска ќе биде сончево со локална облачност и релативно топло за овој период од годината.
 
Стабилното и суво време ќе се задржи до среда.
 
Во вторник и во среда наутро ќе има магла по одделни котлини.
 
Веќе од четврток ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд во западните делови и снег на планините.
 
Во петок врнежите ќе бидат помали, но ќе биде постудено и се очекува слаб снег на одделни места и на повисоките места, особено на запад.
 
Температурите утре ќе се движат од -4 наутро до 16 степени преку ден.
 
Во Скопје слично време со минимална температура од -1 степен и дневна до 13 степени.