Свет
6. April 2020 - 13:03

Од 54 држави во Африка, коронавирусот присутен во 51

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Африка, достигна 9.198 лица. Од Ковид-19, на тој континент, досега починаа 414 луѓе, а 813 се опоравиле, соопшти денеска Африканската унија.

Од 54 држави на континентот, случаи на Ковид-19 пријавиле 51 земја.

Најмногу случаи има во Јужноафриканската република, со 1655 заразени и 95 смртни случаи, а по неа следи Алжир со 1320 случаи и 90 починати и Египет со 1173 потврдени заразени и 78 смртни случаи.