Од 4 септември нема да сообраќа возот Солун-Скопје-Белград
Меѓународниот воз „Хелас експрес“ кој сообраќа на релација Солун - Скопје - Белград од 4 септември нема да вози поради изведување градежни активности на територијата на Република Србија.
Македонски железници - Транспорт денеска соопшти дека прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи се до крајот на возниот ред 2015-2016 година, а повторното воспоставување на редовната патничка линија на релација Солун-Скопје-Белград заеднички ќе го усогласат „МЖ Транспорт“, „Србија воз“ и „Trainose“ - Грчките железници.
- Возот 334 за последен пат (на територија на Македонски железници) годинава ќе сообраќа на 03.09.2016 година на релацијата Гевгелија – Белград, додека возот 335 (на територија на Македонски железници) ќе сообраќа до 03 09. 2016 година на релацијата Белград-Гевгелија според времињата утврдени со возниот ред. Патниците од Гевгелија до Солун ќе бидат превезени со автобус во организација на Trainose“, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови