Македонија
27. September 2022 - 10:46

Од 10:30 до 12:30 часот утре без струја ќе биде подрачјето на Долна Река

Во текот на утрешниот ден, два часа без напојување со електрична енергија ќе биде подрачјето на Долна Река,  општина Маврово и Ростуше, информираа од општината.

– Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани дека на  28.09.2022 година (среда) во периодот од 10:30 до 12:30 часот ќе има прекин на електрична енергија во Долнореканскиот регион,  стои во соопштението.

Прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради технички зафат на елетричната мрежа.