-->
-->
Од 1-ви септември ГОБ 8-ми септември ги отвора вратите за сите пациенти
-->
За две недели ГОБ 8ми септември ги отвора вратите за сите пациенти, а не само за Ковид позитивни. Со префрлање на ковид центарот на приземје и реновирање на операциони сали кое е во тек, од болницата велат дека ќе создадат услови за функционирање на сите оддели и амбуланти во устсновата.
Но од 1ви септември ќе можат да згрижат само 50 лица позитивни на Ковид-19 бидејќи толкав ќе биде капацитетот. Ќе работат со намален капацитет но сепак ќе ги внесат во хируршките сали пациентите чии интервенции беа одложени.
Во моментот во болницата има 74 хоспитализирани од кои 6 се на респиратор. Изминатите две недели велат дека во просек имаат од 10 до 15 приеми и најголем број се од внатрешноста.
Повеќе информации во вестите во 16 часот.
Сања Димитровска
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати