Од 1 јануари нов начин на пресметување и плаќање на персоналниот данок
- Од 1 јануари 2018 година согласно измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход се воведува нова процедура за пресметување и плаќање на обврските за персонален данок на доход, односно пресметувањето на данокот ќе се врши со поднесување на Електронска пресметка за приход и данок (е-ППД) до Управата за јавни приходи, преку новиот систем е-персонален данок.
Обврска да поднесат електронска пресметка за приход и данок имаат исплатувачи на приходи правни лица, кога исплаќаат приходи по сите основи на физички лица резиденти на Република Македонија и на нерезиденти, освен за исплата на плата на вработени лица, физички лица резиденти кои остваруваат приходи од други физички лица и приходи од странство, освен за приходи од вршење на самостојна дејност, како и физички лица нерезиденти кои остваруваат приходи од други физички лица во Македонија.
Од УЈП, информираат дека исплатувачите на приходи од 1 јануари 2018 година ќе немаат обврска да му издадат на секој обврзник збирен податок за вкупно платената аконтација, како и да поднесуваат годишни или месечни извештаи ПДД-АДП/ПИ, ПДД-АДП/КД и ПДД-АДП/ДП.
Граѓаните за приходите кои подлежат на оданочување, а се остваруваат во земјата или во странство од 1 јануари немаат повеќе обврска за поднесување аконтативна данопчна пријава. Почнувајќи од 2019 година УЈП ќе им издава пополнета годишна даночна пријава на граѓаните преку системот e-pdd.ujp.gov.mk, за приходите кои ќе ги остварат во 2018 година. Граѓанинот ќе има обврска само да ја потврди или корегира пријавата.
Од Управата за јавни приходи наведуваат дека со законските измени и новите даночни процедури за персонален данок физичките лица кои остваруваат приходи од продажба на сопствени земјоделски производи, за приходите остварени почнувајќи од 1 јануари 2018 година немаат обврска за поднесување пријава за регистрација на обврзниците кои остваруваат приходи од земјоделска дејност.
Ново на Сител
-
Вкупната каматна стапка за заемот од договорот со Обединетото Кралство ќе биде пониска од маргината 4,5 проценти, вели Мицкоски
-
Град Скопје: Наместо во истрага, институциите учествуваат во криминал
-
Топ-листа: 25 најдобри нудистички плажи во светот
-
Новата дрога „Јелоу зуши“ пристигна и во Албанија
-
Села: Најавите дека пратеници од Европски фронт ќе прејдат во владејачкото мнозинство се лага и специјална активност на службите
-
Путин со пет услови за завршување на војната во Украина
-
Мицкоски: Целокупната тендерска документација за набавката на униформи за полицијата ќе се стави на увид на јавноста
-
Во Грција уапсен македонски државјанин баран од германските власти за убиство