Од 1 февруари се планира враќање на администрацијата на работа во комплетен состав и со полно работно време
Со оглед на тоа дека бројот на заразени од Ковид-19 е намален, од 1 февруари 2021 година се планира да се врати принципот на работа и работниот процес на државната и јавна администрација во полн состав со полно работно време на работните места, информираат од Владата за МИА.
За овој став, како што потенцира портпаролот на Владата Душко Аровски, претходно ќе се побара и дополнително мислење од Комисијата за заразни болести.
Државната и јавна администрација, општините и судовите, согласно одлуката на Владата од 13-та седница, од 20 октомври 2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, согласно принципот на работа и работниот процес, ја организираше работата во смени, на далечина (дома) или, пак, редуцирано со систем на ротации, зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите, имајќи го предвид Протоколот за превентивни мерки за сите работни места („Службен весник на Република Македонија“ бр.147/20).
Ново на Сител
-
Капацитетот на модуларната болница во Охрид зголемен на 55 легла
-
Фулам го изненади шампионот
-
Филипче: Нема контраиндикации од руската вакцина, само препорака за претпазливост кај трудници и доилки
-
Кривична пријава за дебранец кој вршел јавен превоз без поседување лиценца
-
10 починати и 333 нови случаи на Ковид-19 во земјава
-
Состојбата на Мицкоски е стабилна, вели Филипче
-
Семејствата на околу 2.000 лица умрени од коронавирус го тужат британскиот премиер Борис Џонсон
-
Рускиот амбасадор во земјава Баздникин нема да се вакцинира со „Спутник V“од првата пратка