Обвинителството го заврши увидот на тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Кочани
Јавен обвинител од ОЈО Кочани изврши увид на местото на настанот, издадени се повеќе наредби за утврдување на причините за сообрачајната несреќа, која се случи на експресниот пат Штип-Кочани, а во која две лица го загубија животот на лице место, информираа од обвинителството.
-На увидот присуствуваше и вешто лице од областа на сообраќајот, а според првичните сознанија до несреќата дошло при претекнување. Издадена е наредба за прибирање траги од лице место, за обдукција на телата на починатите, наредба за испитување на примероци од крв и урина од учесниците во несреќата, а ќе биде наредено и сообраќајно-техничко вештачење, се вели во соопштението од обвинителството.
МИА претходно информираше дека според директорката на Општата болница-Кочани, Душанка Горгиева Трпевски во првичниот момент кај нив се пренесни седум повредени во оваа сообраќајна несреќа. Но, поради сериозноста на повредите дел од пациентите се препратени во болниците во Штип и Скопје.
Надлежните од штипската Клиничка болница попладнево за МИА информираат дека кај нив се пристигнати пет пациенти од кочанската болница, од кои тројца се останати на иследување во болницата, а двајца повредени поради сериозноста на повредите се транспортирани на Клиниките во Скопје. Според информациите од портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова несреќата е пријавена во 12 часот и 42 минути, а се случила меѓу возила голф со кочански, ситроен со винички и сеат ибица со скопски регистерски таблички.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество
-
Бројот на жртви од нападот на Божиќниот пазар во Магдебург се искачи на шест
-
Опожарено возило на новинарка од Охрид
-
Повеќе од 2.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите кои протестираат
-
Руските сили нападнаа воени аеродроми и магацини за оружје во Украина