Обвинителство за Онкологија: Интензивно се преземаат дејствија, се вршат распити на лица и анализи на прибраните докази
Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи интензивно преземаат дејствија за проверка на наводите за Клиниката за онкологија, меѓутоа со оглед на фазата во која се наоѓа постапката обвинителството не е во можност да споделува детали, информираат од Обвинителство за текот на постапката за Клиниката за онкологија.
- Меѓу останатите бројни дејствија, во континуитет се вршат распити на лица кои би можеле да имаат определени сознанија. Исто така, отпочнати се и дел од анализите на прибраните материјални докази, посочуваат од ЈОРСМ.
Јавното обвинителство, се вели во соопштението, го разбира интересот на јавноста за овој предмет и во оној момент кога ќе се стекнат објективни услови без да се наруши текот на постапката, соодветно ќе информира за сите резултати од преземените дејствија.
Ново на Сител
-
Советите се правдаат, невладините велат лоша порака се назначувањата
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
Тема на денот со Костадин Костадинов, градоначалник на Струмица
-
ВМРО ДПМНЕ: СДСМ прави упад во академијата за судии и јавни обвинители
-
Конститутивна седница на советот за безбедност
-
МВР ќе проверува 500 функционери за валидност на документи кога стапиле на функција
-
Пензионирани инспектори на МВР работеле за кланот „Грчец"
-
Филипче тврди дека СДСМ е подготвена за предвремени избори