-->
-->
Обвинителката од СЈО Стефанова дава исказ за случајот „Рекет“
-->
Лиле Стефанова влезе на распит кај Обвинителката за организиран Криминал и Корупција. Својот исказ, Стефанова го дава пред Обвинителката Ивана Трајчева.
Стефанова ги одбегна камерите и незабележана влегла во зградата на Обвинителството за организиран криминал и корупција. Стефанова е повикана да даде исказ откако во објавените аудио материјали се слушна нејзиното име, за која Обвинителката Катица Јанева објаснува дека ја има под нејзина контрола.
По ова, Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова преку писмена изјава објасни дека без нејзино знаење се донесувале одлуки за Империја, случај која таа го води, а каде осомничен е Орце Камчев.
Инаку од Обвинителството за организиран криминал и корупција потврдуваат дека на распит треба да дојде и Катица Јанева, но не откриваат кога тоа ќе се случи.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Бадникови поворки и литургија - Верниците го одбележуваат Бадник, ден пред Христовото раѓање
-
Дефицит на кадар во охридските музеи
-
Преглед на вестите од светот
-
Koледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
Тема на денот со Александар Николоски министер за транспорт и врски
-
Коледарски огнови - Традиција во пресрет на Божиќ
-
МПЦ за коледарските огнови и како се одбележуваат Бадник и Божиќ