Обвинителите го завршија увидот во ОЈО Струга и Битола
Јавното обвинителство информира дека Комисијата задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, извршила увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице, а поради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, како што велат, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.
- Комисијата на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија задолжена да изврши вонреден надзор на заведените предмети против Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга, изврши увид во сите завршени и предмети во работа против ова лице во Основното јавно обвинителство Струга, Вишото јавно обвинителство Битола и во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, стои во соопштението од ЈОРСМ.
Оттаму дополнуваат дека заради обемноста на преземените дејствија и сложеноста, дел од предметите сѐ уште детално се проучуваат и се анализираат.
- По завршувањето на проверките, Комисијата ќе изготви извештај со насоки за постапувањето во конкретните предмети, дополнуваат оттаму.
Ова следува по објавената евиденција на предмети на Јавното Обвинителство против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, кој се најде на „црната листа“ на САД поради корупција и мешање во судски процеси.
Ново на Сител
-
Голем земјотрес регистриран во Карипско Море издадено предупредување за цунами
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум