Обвинителен предлог за телесна повреда при семејно насилство
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 24-годишен скопјанец за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавното обвинителство, на 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, обвинетиот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи и телесни повреди.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог со кој побарал продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетот, ценејќи дека постои опасност од бегство и специфични околности кои упатуваат дека тој би можел да го повтори делото.
Ново на Сител
-
Создавање на кадри според потребите на пазарот на трудот - Дали оваа политика може негативно да се рефлектира врз гимназиите?
-
Пратенички прашања во Собранието
-
Таравари: Алијанса за Албанците ќе излезе од Владата ако премиерот смета дека не сме потребни
-
СДСМ: Додека државата тоне, партиите во Владата се караат за ресори и тендери
-
63 општини досега доставиле 450 проекти за финансиска помош од државата
-
На повидок воспоставување на голема соработка помеѓу прилепската општа болница и Универзитетскиот клинички центар во Лозана
-
Преглед на вестите од светот
-
Снопче: Aкo Мицкоски каже да ја напуштиме Владата, веднаш ќе го сториме тоа