Обвинителен предлог за телесна повреда при семејно насилство
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 24-годишен скопјанец за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Како што информираат од Јавното обвинителство, на 31 јануари, во семејниот дом во селото Љуботен, обвинетиот со умисла физички ја нападнал и телесно ја повредил неговата мајка. По претходна вербална расправија, тој започнал да ја удира оштетената со тупаници по главата и по телото, нанесувајќи и телесни повреди.
Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог со кој побарал продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетот, ценејќи дека постои опасност од бегство и специфични околности кои упатуваат дека тој би можел да го повтори делото.
Ново на Сител
-
Трамп со критики за Зеленски по изјавата за Крим: Завршете ја работата, ќе ја изгубите цела земја
-
Вучиќ: Студентите ќе продолжат со насилства, државата ќе одлучи кога насилствата ќе завршат
-
40-годишна жена пријавила дека била физички нападната од нејзиниот сопруг
-
Официјален Париз: Мировен договор мора да го гарантира територијалниот интегритет на Украина
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 28 април
-
Вардар и Струга финалисти во фудбалскиот Куп на Македонија
-
Во Харков 10.000 ученици следат настава во училишта под земја
-
ФФМ: Службена победа за Вардар на дуелот со Воска