-->
-->
Обвинение за лице кое затаило данок во износ од 713.895 денари
-->
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за кривично дело „Даночно затајување“ според член 279 став 1 од Кривичниот законик, по претходно спроведена постапка.
Јавното обвинителство информира дека во период од 2014 до 2018 година, обвинетиот во својство на физичко лице, одбегнувал плаќање на персоналниот данок на доход. Иако во наведениот период остварил приходи од 38.939.778 денари, тој приходите не ги навел во даночните пријави со што затаил персонален данок на доход во износ од 713.895 денари на штета на Буџетот на Република Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста