ОБСЕ со предупредување: Можно е да се зголеми корупцијата
Финансирањето за итни случаи, насочено да помогне за опоравување од економскиот пад предизвикано од пандемијата, веројатно ќе ја поттикне корупцијата низ цела Европа, предупредува Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Во нивна изјава се нагласува дека криминалците се многу прилагодливи во кризни ситуации и ќе најдат начини да применуваат измами за помош.
Државите погодени од пандемија во блокот 57 држави на ОБСЕ ќе бидат дополнително соочени со корупцијата во наредните месеци, изјави Томас Гремингер за австриската новинска агенција АПА.
„Се сомневаме дека во наредните месеци ќе бидеме сведоци на многу поголема корупција“, рече швајцарскиот дипломат и генерален секретар на телото со седиште во Женева.
„Криминалците брзо се прилагодуваат на слабостите на социјалните системи предизвикани од коронавирус кризата“, наведува Гремингер, додавајќи дека трговијата со луѓе исто така веројатно ќе се зголеми.
Ново на Сител
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот
-
ЗНАМ не прифаќа владин партнер што „соработува“ со ДУИ, Касами тврди ќе се зголемува мнозинството
-
Аптеките бараат ослободување од обврската за објавување цени на интернет
-
Христијаните го празнуваат Велики четврток